Четири лица вчера биле затруени во хотел во Охрид, дознава Курир.

Според неофицијални информации, кај лицата се јавиле здравствени потешкотии по престој на базенот во хотелот.

Лицата биле пренесени во болница и се наоѓаат надвор од животна опасност.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за Курир потврди дека имаат пријава за таков случај, но повеќе детали најави во текот на денот.

Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски хотел.

Од охридската полицијата истакнуваат дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне околу 17:31 часот.

Гостите поради јаката миризба и пареата имале силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.

-Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој истакнува дека по расчистувањето на случајот ќе следува соодветна пријава.