Целосно е во прекин сообраќајот на автопатот од Скопје кон Велес после месноста Ветерско, информираат од АМСМ.

Претходно, како што објавиија повеќе медиуми голем одрон вечерва го затворил целосно за сообраќај автопатот, кој е блокиран пред наплатната станица Сопот, а одронот создаде голема гужва.

Некои од возачите се обидуваат преку шумски пат преку селото Ветерско да излезат од метежот.

Засега е нејасно до кога ќе трае блокадата.