На 29 август 2026 година во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа „Идризово“ се случила трагедија.
Според пријавеното, во кругот на внатрешното шеталиште во установата, 42-годишниот Н.И. од село Тебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, по што паднал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




