Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу европските земји, покажуваат податоците на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (ACER).
Соединетите Американски Држави и ЕУ во моментов работат на стратегија за замена на снабдувањето со природен гас во Европа, доколку Русија „ги затвори славините“ како резултат на конфликтот со западните сили околу Украина. Катар соопшти дека не гледа начин сам да ги замени потребните количини.
Доколку се воведат нови санкции на рускиот претседател Владимир Путин лично или на неговата земја, тоа би можело да предизвика енергетска криза на континентот поради независноста на поголемиот дел од Европа од рускиот гас што доаѓа во Европа преку гасоводи.
-Некои помали европски земји се потпираат исклучиво на руски гас, а тоа се С. Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија, изјави минатата недела ACER.
Зависноста е 89 отсто во Србија и 77 отсто во Бугарија, според најновите достапни податоци на ACER.
Словенечката зависност од руски гас е 51 отсто.
Македонија наскоро планира да започне изградба на интерконектор за гас со Грција, што ќе ја зголеми енергетската безбедност преку диверзификација на изворите за снабдување со гас.