Евроамбасадорот Самуел Жбогар најави дека за 31 ден ќе ја напушти функцијата која ја извршува и Македонија.
Тој преку социјалните мрежи објави дека во преостанатите денови секој ден ќе објавува по една слика што ќе му остане во сеќавањата.
– Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум облиен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на сеќавањата од изминатите четири години, напиша Жбогар.