Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како заради неспособноста на власта на СДС и ДУИ граѓаните чекаат секој месец за магнетна резонанца, иако за тоа нема потреба, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.
-Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени. Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција. Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади. Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква. Што работеле СДС и ДУИ во здравството? Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга, истакна Петрушевски.
Извештајот на ДЗР ни ја предочува целосната неспособност на СДС и ДУИ во менаџирање со здравствените установи, и зошто здравството колабира, додава Петрушевски.