Гладна кокошка просо сонува, објави денеска потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот профил на Фејсбук.
Овој загонетен коментар, според некои од познавачите на политичките прилики, се однесува на објавата на весникот на албански јазик Коха дека „СДСМ, ДУИ и ДПА постигнале договор за парламентарно мнозинство, кој предвидува во првите три години премиерот да е од СДСМ, а во четвртата година премиер-Албанец“.
Висок функционер на СДСМ за порталот „360 степени“ изјавил дека партијата е против концептот за ротичарки премиер и додава дека разговорите за формирање на ново мнозинство ќе започнат по 4 август, кога партискиот лидер Зоран Заев ќе се врати од одмор.
Претходно, и Артан Груби од ДУИ ја демантираше веста на Коха.
Како што пренесе и Денешен, денеска весникот Коха објави вест дека била конструирана новата коалиција во која Заев прифатил Албанец премиер со ротација, односно еден дел од мандатот премиер да биде кадар на СДСМ, а во друг дел кадар на ДУИ.