Важноста на нашето членство во НАТО се повеќе доаѓа до израз, особено сега кога на пандемијата се гледа и од агол на безбедноста, објави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана во заминување, Радмила Шекеринска.

Таа во својата објава на Фејсбук додава дека „зела учество“ на панелот од симпозиумот што се одржал во соседна Грција:

– На Меѓународниот симпозиум „Сими“ во Лагониси крај Атина дискутиравме за потребата од заеднички одговор на Ковид-19 кризата, значењето за безбедноста, но и идните економски политики. На панелот зедов учество заедно со Мирчеа Џоана, Џорџ Папандреу, Матс Карлсон и Салин Сајек Боке, објави Шекеринска и за повеќе информации упати на линк од Владата (https://vlada.mk/node/22157).

Мобилната болница под шатори, што пролетоска Шекеринска со нејзиниот колега Венко Филипче и градоначалникот Петре Шилегов ја подигнаа во Клиничкиот центар во Скопје, воопшто не беше искористена, освен за сликања и политички промоции.

Но, белки од овој настап на Шекеринска во Лагониси крај Атина, и нејзиното дискутирање на симпозиумот, ќе има поголемо фајде во борбата против коронавирусот, кој и натаму во Македонија е со трицифрен број на заразени, секој ден.

(Д.Г.)