Украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој пред вториот круг повика да се гласа за Емануел Макрон, синоќа му го честиташе реизборот на францускиот претседател.

„Честитки до претседателот на Франција и вистински пријател на Украина Емануел Макрон за победата  на изборите. Му посакувам на Емануел Макрон нов успех за бенефит на францускиот народ. Ја ценам поддршката на Франција и убеден сум: чекориме заедно кон нови заеднички победи! За силна и обединета Европа!“, напиша Зеленски синоќа на Твитер.

Макрон одигра централна улога во обидот да се спречи војната во Украина со тоа што го посети рускиот претседател во Москва пред руската инвазија и потоа имаше серија телефонски разговори со Владимир Путин.