Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое го повикува Западот да испрати оружје.
Зеленски истакна дека е потребно повеќе оружје за „да се спасат милиони Украинци, како и милиони Европејци“.
– Слободата мора да биде вооружена подобро од тиранијата, рече тој.
Зеленски наведе голем број потребни специфични оружја, вклучувајќи артилерија од 155 милиметри, системи за лансирање ракети, оклопни возила и борбени возила за пешадија. Тој побара тенкови Т-72 „од САД или Германија“ и рече дека се потребни повеќе воени авиони.
Украинскиот претседател предупреди дека конфликтот во земјата ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“.
– Но, Русија сè уште има капацитет да изврши напад, и тоа не само против Украина. Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина, рече Зеленски.