Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската унија планира шести пакет санкции против Русија.
– Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како и за санкциите.
– Конкретно, санкциите ќе обезбедат ограничувања за рускиот енергетски сектор, банкарскиот сектор, извозот, увозот и транспортот, рече тој, повторувајќи го својот апел за целосно ембарго на испораките на руска нафта.