Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија најави дека ќе дадат се од себе наредна година манифестацијата да се одржи во Мариупол.

-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.
Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Ослободен, мирен, повторно изграден! Ви благодариме што победивте со оркестарот Калуш и на сите што гласаа за нас, напиша Зеленски на својот официјален профил на Фејсбук.

Сигурен сум, додаде Зеленски, дека нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку.

Оваа изјава на Зеленски доаѓа по победата на Украина на годинашниов Евросонг во Италија.