Франција, Германија, Велика Британија, Италија и Полска ќе ја претставуваат Европа во преговорите со Русија, заедно со Европската комисија, Европскиот совет и НАТО, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно обраќање.
Според украинскиот претседател, сите тие претставници учествувале во разговорите меѓу украинскиот и американскиот тим за првпат.
Експертите на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, учествувале преку видео врска.
Зеленски не даде детали за тоа каде и точно кога се одржала таа средба. Зеленски го опиша разговорот како „тежок“ и изјави дека групата ќе се состане во Берлин за да ги дефинира следните чекори. Сепак, тој не кажа кога ќе биде таа средба.
Кога станува збор за воената ситуација, Зеленски рече дека Русија во моментов добива „десетици балистички ракети месечно“ од Северна Кореја. МИА




