Германскиот канцелар Олаф Шолц уште во февруари му предложил на украинскиот претседател Воладимир Зеленски начин за решавање на конфликтот со Москва.
Начинот на решавање на конфликтот е со одбивање на влезот на Киев во НАТО, пишува Волстрит џурнал (Wall Street Journal), пренесе порталот danasnje.co.
– На состанокот во Минхен на 19 февруари, Шолц му рекол на Зеленски дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот европски безбедносен договор меѓу Западот и Русија, се наведува во извештајот.
Се истакнува дека „овој договор би го потпишале лидерите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, кои заеднички би ја гарантирале безбедноста на Украина“.
Според овој весник, Зеленски ја отфрлил можноста за решение, велејќи дека мнозинството Украинци, наводно, го поддржуваат влезот на земјата во НАТО.
Како што беше нагласено, одговорот на украинскиот лидер „ги натера германските власти да се загрижат дека шансите за мир бледнеат“.
Зеленски претходно изјави дека на Киев му е тешко да зборува за НАТО во контекст на безбедносните гаранции, бидејќи Алијансата го одби членството на Украина.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање на кинеската новинска агенција Хсинхуа, рече дека „политиката на САД и НАТО е главна причина за кризата во Украина“.