Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“.

Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати.

– Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд.