Комитетот за надворешна политика на Долниот дом на швајцарскиот Парламент го отфрли, со тесно мнозинство гласови, предлогот да се забрани директна и транзитна трговија со гас, нафта и јаглен од руски компании или поединци со блиски врски со Кремљ до крајот на војната во Украина.

Предлогот беше поднесен од социјалдемократите, а „против“  се изјаснија 13 пратеници, а 12 – „за“.

Швајцарија се придружи на санкциите на Европска Унија против стотици руски поединци и компании и замрзна имот во вредност од над шест милијарди долари.