Зеленски им се заблагодари на САД за касетното оружје и ракетите ATACMS

/ 17.10.2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинските сили користеле ракети ATACMS од САД.

– Денеска сме ѝ особено благодарни на Америка бидејќи нашите договори беа спроведени. Ракетите „ATACMS“ се докажаа – изјави Зеленски во видео порака објавена на „Телеграм“, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Американската новинска агенција АП објави претходно, повикувајќи се на свои извори, дека Украина пред неколку дена тајно добила од Вашингтон тактички ракети „ATACMS“ опремени со боеви глави исполнети со касетна муниција.

Според АП, поради стравот на американската администрација од можно влошување на тензиите со Русија, ракетите „ATACMS“ испорачани во Киев имаат нешто помал дострел, но истовремено се опремени со боева глава со касетна муниција.

Неименуван американски функционер изјавил дека испораката на ракетите била намерно извршена во тајност. Рускиот функционер Владимир Рогов потврди дека украинските сили ги користеле „ATACMS“во нападот на аеродромот Бердјанск во областа Запорожје.


Од истата категорија