Претседателот на Украина Володомир Зеленски не ја прифати оставката на премиерот Олексиј Гончарук.

Зеленски оцени дека сега не е време за дестабилизација на политичката и економската ситуација во земјата.

– Ја добив од Вас поднесената оставка. Одлучив Вам и на Владата да и ви дадам шанса, рекол Зеленски на средбата со Гончарук. Сепак, тој не ја исклучи можноста да дојде до кадровски промени во Владата на Украина.

Претседателот на украинската Влада Олексеј Гончарук утрово поднесе оставка од функцијата. – Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка, напиша Гончарук на Фејсбук.

Оставката ја поднесе два дена откако во јавноста протече аудио снимка од негов состанок со министрите зад затворени врати, каде се слуша како тој вели дека Зеленски не разбира како функционира економијата.

– Зеленски располага со многу примитивни сознанија за економијата, рекол Гончарук, додавајќи дека и самиот нема познавања од економијата.