Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста вети дека неговата земја ќе се бори против руската инвазија до крај и нема да прави никаква отстапка или компромиси.
– Не ни е грижа каква војска имате, ние се грижиме само за нашата земја. Ќе се бориме за неа до крај, посочи Зеленски во видео-обраќањето.
Инвазијата на Русија врз Украина почна пред шест месеци, а утрово одекнаа експлозии во Харков, североисточниот дел на Украина, како и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти.