Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека им наредил на своите министри за одбрана и за надворешни работи да ги интензивираат контактите со меѓународните партнери, особено со САД, за да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии „Патриот“, пред претстојниот состанок во формат на Рамштајн.

Зеленски рече дека се координираат два приоритета: „Провоздушната одбрана, особено „Патриотите“, и координација на распоредувањето – донесување одлуки што е можно поблиску и спроведување на сите детали.

Тој додаде дека ги фокусирал своите напори и на билатералната работа, особено со Соединетите Американски Држави, „кои имаат капацитет да помогнат да се спречи секаков вид терор“.

„Потребни се правилни одлуки за да се заштитат што е можно повеќе животи од руски балистички напади. Зајакнувањето на нашиот воздушен штит значи и зајакнување на дипломатијата“, рече Зеленски.

Осврнувајќи се на неодамнешниот руски ракетен напад, украинскиот претседател тврди дека некои од ракетите биле лансирани од Црното Море и рече дека партнерите на Украина биле запознаени со бродовите и локациите кои се вклучени.

„Затоа Русија ја искривува дипломатијата и одбива безусловен прекин на огнот. Тие сакаат да ја зачуваат можноста за напад на нашите градови и пристаништа од море“, рече Зеленски.

Тој смета дека поморскиот прекин на огнот ќе донесе не само безбедна пловидба и безбедни рути за снабдување со храна, туку и поширока безбедност и мир.

Фото: ЕПА