„Русија можеби веќе ја започна Третата светска војна“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за NBC News.

„Исходот од руската инвазија на Украина можеби сè уште не е решен, но можно е дејствијата на Путин да доведат до целосна глобална војна“, додаде Зеленски.

„Никој не знае дали веќе започнала нова светска војна. Или какви се шансите ако Украина падне. Тешко е да се каже. А тоа го видовме пред 80 години, кога започна Втората светска војна. Никој нема да може да предвиди кога ќе почне светскта војна “, рече тој.