Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата изјави дека Киев не е и нема да биде пречка за мирот.
Неговата изјава следува откога американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека Украина, а не Русија, го забавува евентуалното склучување мировен договор.
Трамп, одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори: Зеленски.
фото: архива




