Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите сонародници ја преживеале зимата благодарение на напорите на власта да обезбеди електрична енергија и греење, но предупреди дека Русија продолжува да претставува закана за енергетскиот систем на земјата.
„Зимата заврши. Таа беше тешка и сите Украинци, без да преувеличувам, ги почувствуваа тешкотиите“, рече Зеленски во своето традиционално вечерно видео обраќање, кое овојпат го одржа по состанокот посветен на енергетските прашања.
„Ние успеавме да и обезбедиме на Украина струја и греење“, рече тој, додавајќи дека не запира работата за енергетскиот систем да продолжи да функционира.
Во исто време, украинскиот претседател предупреди дека „заканата за енергетскиот систем (на земјата) останува“.
Според традицијата, Украина на 1 март го слави крајот на зимата, иако времето може да продолжи да биде студено.
Русија редовно нанесува намерни ракетни напади врз енергетската инфраструктура на соседната земја. Ваквите напади сериозно влијаат на животот на цивилите, предупредуваат организациите за човекови права, според кои некои овие напади се воени злосторства.