Војната во Украина може да заврши само со дипломатски средства, изјави денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски во интервју за украинската телевизија.
-Крајот на конфликтот ќе биде со дипломатски средства, рече тој во интервјуто.
Како што наведе, војната ќе биде „крвава, но дефинитивно ќе заврши со дипломатија“.
-Има работи што ќе можеме да ги постигнеме само на преговарачка маса. Сакаме се да биде како што беше досега, што Русија не го сака, рече Зеленски, без да даде други детали за кажаното.