Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека постојан приоритет е заштита на државната граница и оти Киев е подготвен за сите можни сценарија со Русија и нејзината сојузничка Белорусија.

– Заштитата на нашата граница и со Русија и со Белорусија е наш постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија, наведе Зеленски.

Тој упати нов апел до западните земји да и обезбедат на Украина ефикасна воздушна одбрана.

Киев во текот на ноќта беше цел на напади со беспилотни летала, при што повредени се најмалку две лица, а оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови. Според локалните власти, украинската противвоздушна одбрана соборила околу 15 дронови.