Руските трупи што во октомври беа прераспоредени во Белорусија, со цел да станат дел од регионална формација, денеска изведуваат баталјонски тактички вежби, соопшти руското Министерство за одбрана.

Но, во соопштението не е наведено каде ќе се одржи воената вежба.

Белоруското Министерство за одбрана во октомври објави дека 9.000 руски војници се распоредени во земјата како дел од регионалната група сили за заштита на нејзините граници.

За денеска е предвидено и претседателот на Русија, Владимир Путин да се сретне со белорускиот колега Александар Лукашенко во Минск. Тоа е прва посета на Путин на Белорусија од 2019 година. Тема на разговор ќе биде за стратешкото партнерство на двете држави, како и регионалните и меѓународните прашања.