Во синоќешните руски напад со дронови врз Киев повредени се најмалку две лица и оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови.

Началникот на градската воена управа на Киев, Сергиј Попко изјави дека во воздушниот простор на Киев забележани се повеќе од 20 дронови, а околу 15 уништила противвоздушната одбрана.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека во  нападот оштетена е критична инфраструктура.

– Како резултат на нападот врз главниот град, оштетени се критични инфраструктурни објекти. Инженерите за енергетика и топлинска енергија работат на брзо стабилизирање на ситуацијата во снабдувањето со енергија и топлинска енергија, напиша Кличко на Телеграм.