Најмалку 17 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, а повеќе десетици се повредени, соопшти денеска иранската агенција ИСНА, цитирајќи ја организацијата Црвена полумесечина.
-Седумнаесет лица загинаа, а 37 се повредени и однесени во болница, изјави портпаролот на итната служба Мохтаба Каледи за државната телевизија Ириб.
– Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи повеќето од повредените се во критична состојба, додека тој, појаснувајќи дека на местото на настанот се испратени 24 амбулантни возила и три хеликоптери.
Заменик-шефот на државните железници на Иран, Мир Хасан Мусави, изјави за државната телевизија дека возот превезувал 348 патници.
Според него, тој „излетал од шините откако удрил во багер“, кој се наоѓал во близина на шините.
Портпаролот на националниот железнички оператор за државната телевизија Ириб јави дека несреќата се случи во непосредна близина на градот Табас, што се наоѓа во провинцијата Јужен Хорасан, на околу 900 километри од Техеран.
Тој додаде дека возот сообраќал на релацијата меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и дека се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.
Причината за несреќата првично беше нејасна, но во меѓувреме се дознава дека возот излетал од шините откако претходно удрил во багер.Пет од седумте вагони испаднале од пругата, соопшти националната организација за помош и спасување.
Во возот,наводно, имало неколку стотици патници.