Воз удрил и усмртил петмина железничари кои работеле на ноќното одржување на пругата на периферијата на северниот град Торино, објавија денеска италијанските медиуми.

Товарниот воз, кој сообраќал на линијата меѓу Милано и Торино, се движел со брзина од 160 км/ч кога удрил во тим задолжен за замена на елементите на железничката линија во близина на Брандицо, објавија новинските агенции АГИ и АНСА.

Како што пренесуваат, железничарите биле влечени неколку стотици метри, а двајца нивни колеги успеале да го избегнат ударот.

Градоначалникот на Брандицо, Паоло Бодони, изјави дека не може да се исклучи дека имало грешка во комуникацијата. Во тек е истрага.

Машиновозачот, кој е во шок, не е повреден.