Во тешка железничка несреќа која се случи во североисточниот дел од Тајван, кога патнички воз излета од шините, загинаа 17 патници, а 100 се повредени, соопштија тајванските служби.

Несреќата се случила во попладневните часови во округот Јилан, кога по излетувањето на возот од шините, неколку вагони се превртеле на железничка станица која е популарна меѓу туристите, пренесе Ројтерс.