Изградбата на модерна дигитализирана железничка мрежа со директни експресни возови кои ги повруваат градовите во регионот ќе придонесат за воспоставување подобра поврзаност, сигурен транспорт за деловни и приватни патувања на Западен Балкан и одржлива животна средина.
Ова е основниот приоритет во документот Потосветеност на Железницата што го потпишаа денеска во Белград министрите за транспорт на Македонија и на земјите од регионот, на првиот Железнички самит за ЗБ.
Како што јави дописнкиот на МИА од Белград, Самитот се одржа во организација на Постојаниот секретеријат на Транспортната заедница, Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Европската банка за за обнова и развој (ЕБОР), а изјавата во документот за подготвеност за развој на железничкиот транспорт како врвен приоритет ја потпиша и македонскиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.
-Ние сме во Белград заедно со другите држави од регионот да покажеме подготвеност заеднички да пристапиме кон надградба и развој на железницата во регионот. Кога зборуваме за железничкиот и патен транспорт, тој не завршува на нашите граници, тој продолжува и затоа мораме заедно да работиме со цел да ги подобриме услугите, кавалитетот, безбедноста и заштитата на животната средина и токму тоа е еден од најзначајните принципи зошто сме денес овде и зошто со станатите земји работиме на подобрување на овој сегмент на транспортот. Мораме да продолжиме да работиме со уште посилно темпо и динамика на Коридорот 10 и Коридорот 8. За овој коридор очекувам дека на почетокот на 2022 ќе имаме градежни зафати, ќе имаме избрано изведувач кој ќе започне со изработка на проект во износ од 200 милиони евра, кој ќе значи развој на овој Источен крак од Коридорот 8, а тоа е Паневропскиот коридор и секако во продолжение на третата фаза кон границата на Бугарија, изјави министерот Бочварски.
Според него, значајно е тоа што „Балканот покажува дека сите земји може да продолжат да работат заедно, без никој да прави притисок, и поради ова продолжуваме да ги надоградуваме политиките во транспортот и животната средина“.
На Самитиот, потпретседателката на ЕИБ за ЗБ, Љиљана Павлова, изјави дека „ЕИБ ќе ја подржи имплементацијата на Економско-инвестицискиот план и ќе даде помош на локалните партнери за пристап на расположивите фондови, за што досега ЕИБ има вложено над 5 милијарди евра во транспортниот сектор.“
-Ова е можност која земјите од ЗБ не смеат да ја пропуштат да инвестираат во своите железници, и заедно со ЕУ и ЕИБ ние ќе ја дадеме подршката во вид на структурни финасиски средства за развој на железницата и одрживлиот, зелен, безбеден облик на транспорт на ЗБ, изјави Нандите Паршад, директор во ЕБОР.
Самитот беше организиран да коинцидира со доаѓањето на возот Connecting Europe Expres, во рамките на Европската година на железницата, кој поминувајќи низ 26 европски земји доапатува во Белград, а вечерва се очекува да пристигне и во Скопје.