Слаб земјотрес е регистриран во Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица. Потресот се случи на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV.