На подрачјето на Банија, централна Хрватска утрово е регистриран слаб земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак, на длабочина од пет километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Загреб.

Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Петриња на 29 декември 2020 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку шест лица, а 20 беа повредени. Земјотресот предизвика голема материјална штета во Петриња и во околината.