Утрово е регистриран земјотрес од 3,8 степени според Рихтер, со епицентар во близина на Славонски Брод.
– Денеска во 8:45 часот Сеизмолошката служба на Хрватска регистрира прилично силен потрес со епицентар на 15-тина километри југозапдано од Славонски Брод. Магнитудата на потресот изнесува 3,8 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот 5 степен според Меркалиевата скала, соопшти хрватската Сеизмолошка служба.
Соопштение објавија и локалните власти во Славонски Брод:
– Претставници на општината веднаш се упатија во основните училишта и детски градинки за да се уверат во сигурноста на децата. Според информациите кои ги добивме, сите училишта и претшколски установи постапиле според протоколот во случај на земјотрес, па децата се изведени надвор од објектите во кои престојуваат, соопштија локалните власти.