Серија земјотреси синоќа во Охридско и Преспанско регистрира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија изминатата ноќ околу 50 минути по полноќ биле почуствувани серија земјотреси од кои два со јачина од три степени според Рихтер во епицентралното подрачје Дебрца.

Нема информации за причинети штети, но потресот ги потсети охриѓани на серијалот потреси што го доживеаја пред некоја година.