Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистиран вечерва во 22:17 часот во реонот на Гостивар.

Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

Претходно, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа вечерва во 20 часот и 40 минути, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.

– Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.