Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала утрово околу шест часот е регистриран во близина на хрватскиот град Дубровник.
Интензитетот на земјотресот во епицентарот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), изнесувал пет степени.
Засега нема информации за евентуално причинета материјална штета или повредени лица.