Неколку лица се водат како исчезнати откако се урнал оџак во фабрика за хартија во префектурата Кумамото, соопшти локалната полиција.
Јапонскиот јавен радиодифузен сервис НХК јави дека полицијата и пожарникарите го истражуваат местото на настанот во фабриката Јацуширо на „Нипон Пејпер Индустрис“, која се наоѓа во градот Јацуширо во пошироката префектура Кумамото.
Како што пренесе Би-Би-СИ, фотографија направена од воздух од новинската агенција Ројтерс, се чини дека покажува скршен и урнат оџак.
Силен земјотрес денеска ја погоди југозападна Јапонија, предизвикувајќи уривање на бројни згради, избувнување пожари и хоспитализација на најмалку 50 лица, јави НХК.




