Земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, е регистриран ноќеска во 00:22 минути од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.




