Земјотрес со јачина од 2,9 степени во околината на Ресен регистрирал Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.

-Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово  е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

И Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија соопшти дека утрово во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 км југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебарца-Плакенска Планина.

Земјотресот, како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Демир Хисар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека во овој дел од земјава, во околината на Ресен, регистрирал земјотрес со јачина од 2,9 степени.

Епицентарот на земјотресот, според ЕМСЦ, бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.