Земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 6:15 часот. Епицентарот на земјотресот е 65 километри од Скопје, во тетовско-гостиварскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала.