Земјотрес беше почувствуван во Скопје вечерва во 22.05 часот. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,9 степени, а епицентарот бил во близина на Призрен во Косово.
Земјотрес вечерва е пчувствуван и во други делови од Македонија. Според официјалните информации, епицентарот бил на 12 километри, северно од Тетово.
Според EMSC епицентарот бил на границата меѓу Косово и Македонија.
Земјотресот е на длабочина од пет километри.
Официјални информации за земјотресот
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Bо Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од rепубликата со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен во Македонија, земјотресот е почувствуван и во Косово, Србија и Албанија.


фото: архива




