Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Европската макроисеизмичка скала е регистриран  утрово во Охрид. Потресот е регистриран рано утрово во 3:26 часот.

Епицентарот бил во близина на градот и на длабочина од 0,4 километри. Потресот е регистриран и во останатите градови во Охрискиот регион.

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала изутрината во 3 часот и 26 минути е почувствуван во Охрид и Струга, соопшти  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,1 степени, а епицентарот се наоѓал на 125 километри југозападно од Скопје во Охридското епицентралното подрачје.