Земјотрес со сила од 3,3 степени по Рихтер, ја потресе денеска Македонија.
Земјотресот бил на длабочина од 2 км, 74 км од Скопје, 5 км североисточно од Карбинци, во 12,35 часот по локално време.

Земјотресот слабо е почувствуван во Скопје, и освен прашања по социјалните мрежи за тоа дали навистина се случил, не предизвика други реакции.

Нема информации, односно прерано е да се каже дали овој земјотрес има или може да има врска со земјотресот три часа подоцна кој се почувствува во Албанија, а со епицентар во Јадранско Море.