Бездомноста е еден од најголемите проблеми што ги погодува многу делови на светот. Кога новинарката Џули Акинс (58) го истражувала проблемот со бездомноста во Америка, таа открила дека тоа е многу раширено и била шокирана.
Две години спиела во шатор со бездомниците, учејќи за нив и нивните заедници. Таа се запозна со Ренди, кој беше бездомник речиси 20 години. Пишувала за неговото тешки маки и одлучила уште подлабоко да го истражи проблемот.
Тогаш ја запознала Лилит, мајка на седум деца која живеела со него на улица. Живееле во стар автобус за да имаат некакво засолниште, но немале вода, струја ниту тоалет. Ги исфрлиле седиштата и ги замениле со под, со душеци, на цеквите имало закачено облека, а имало и полица со книги.
Нивната мака ја натерала Џули да направи нешто за нив.
Така таа решила да ја основа организацијата „Возила за промена“, откако се запознала и со други семејства во иста ситуација. Таа сега ги претвора обични стари училишни автобуси во скромни домови за живот.
„Тие сакаат да имаат место за живот кое можат да го наречат свое, кое е безбедно. И сакаат да бидат мобилни, за да можат да добијат подобри работни места“, вели Џули.
Непрофитната организација била основана пред 18 месеци, а само 9 месеци подоцна првото семејство се вселило во модифицираниот училишен автобус. Џули со помош на донации и свои средства ќе продолжи да се труди да помогне на што е можно повеќе семејства.
Нивниот живот навистина се сврте кон подобро, сето тоа благодарение на Џули и нејзината прекрасна идеја.