Жена во триесетите години денеска починала откако околу 10 часот била погодена во непосредна близина на Риберсбург, населба во шведскиот град Малме, во која се наоѓа популарна плажа. Поголемиот дел од Риберсбург е под полициска блокада.
Според Локал. се., полицијата соопштила дека првично ранетата жена починала околу 13 часот од здобиените рани. Уште две лица се пренесени во болница. Според изјави од сведоци  неколку маскирани напаѓачи испукале околу осум до десет куршуми пред да избегаат преку градините на блиските згради.

Сведок за локалните медиуми изјави дека мисли дека станувало збор за два различни типа на оружје. Еден од сведоците кажал дека жената носела дете во раката кога била погодена од куршум. СВТ.се. објави и видео во кое се гледа како лице облечено во црна облека со пиштол во раката трча низ улица.