Актерот Жерар Депардје (75) се најде во центарот на нов скандал кога во Рим гo нападна познатиот папарацо Рино Барилари.

Имено, само неколку недели откако се соочи со нови обвинувања за силување, популарниот Французин предизвика шок во Италија пред популарна кафеана во главниот град, а тамошните медиуми детално пренесоа што се случило.

Вчера Депардје бил на вечера со две жени во градината на барот Хари на улицата Венето во Рим кога Барилари (79) почнал да ги фотографира, пишува Њујорк пост. Џани Риота, колумнист на римскиот дневен весник „Република“, кој бил присутен кога се случил инцидентот, тврди дека од Барилари постојано барале да престане да фотографира.

Додека познатиот фотограф го напуштал локалот, Магда Ваврушова, една од жените кои седеле со француската филмска ѕвезда, наводно го следела Барилари по улицата викајќи по него, а потоа се вмешал Депардје и почнал да го удира со тупаници.

– Имаше многу крв – изјави Риота за медиумите.

Адвокатот на Магда Ваврушова, Делфин Меје изјави дека Барилари „насилно ја турнал“ нејзината клиентка пред нападот на Депардје, допирајќи ја со раката по градите. Според неа, Депардје се обидел да ја одбрани, а потоа „паднал врз фотографот“, пренесува CNN.