Таман помисливме дека со одењето на Мицкоски на екскурзија, не на одмор, ќе се одмориме, едноставно од лагите од страна на Владата, кога еве се појави неговиот заменик, кој што лаже колку него, а веројатно и уште повеќе, изјави Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка на СДСМ, на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.

Го слушаме Муцунски како ја објавува новата фаза во ВМРО, а новата фаза е откако редовно не демантираат нас, сега почнаа самите себе да се демантираат. Интересно.

Да погледнеме какви изјави на Муцунски објавија медиумите пред 10 дена на 3 август.

„Има разговори под радарот за деблокада на ЕУ интеграциите“,

„Се водат разговори под радарот за деблокирање на европскиот пат“

„Се водат разговори под радарот за деблокирање на Македонија“.

Три наслови. Различни медиуми. Ист лик, ист лажго – Тимчо Муцунски. После 10 дена му текна да се демантира самиот себе и да каже дека СДСМ лажат. Не он.

И затоа денес кога ја држиме оваа прес-конференција за јавноста да се увери кој всушност ја откри новата стратегија и новиот проект на Владата на Мицкоски. Значи не се работи за никакво премолчување, не се работи, се разбира што се однесува до Муцунски за некаков демант, едноставно е фатен во лага.

Тоа е позната шема која што веќе ја видовме, но интересно е што сега Муцуцки се јавува  во оваа улога. Откако ја среди состојбата во општина Аеродром, откако ја среди нашата дипломатија, ја среди состојбата во МНР, сега му дале задача да се занимава со домашната политика. И сега ќе се заканува на опозицијата, на граѓаните, дека шират паника.

Ова нас во СДСМ ни е многу добро познато. Ние веќе ги видовме сите урнеци, сите типови на декрети по урнекот на Хитлер против слободата на говорот. И кога ние ја информиравме јавноста за труењето во Гостивар и дека на 50 места едноставно нема податоци дали водата за пиење и дали воопшто може да се користи макар како техничка, сега гледаме дека доцнат и со западно-нилската треска, повторно се закануваат, повторно истата шема.

Да се потсетиме дека Мицкоски од собраниската говорница нарачуваше процеси против опозицијата и така натаму. Ги навредуваат и понатаму граѓаните со „талог“, ја навредуваат и понатаму опозицијата, продолжуваат со истата реторика која што секако нема да им помине.

Сакам да им порачам – немаат аргументи, немаат резултати, немаат одговор на ниту едно прашање. Има само афери и има само лаги.

На крај, сакам многу отворено да ги прашам, дали мислат или дали некој во ВМРО смета дека нас во СДСМ ќе не заплашат со вакви закани? Дали сметат дека народот ќе го заплашат?

Зарем не гледат дека македонскиот народ не можат да го замолчат. Зарем не гледаат дека народот се буди. Народот ги прочита. Народот веќе не им верува. Сакам да им порачам дека ќе одговарат за сите лаги и за сите афери.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=rsQSnt6Upgg

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста