,,На ДУИ не може да и се верува.“

Ова на директен начин пред два дена во телевизиско интервју го потврди и поранешниот кандидат на ДУИ за прв албански премиер во 2020 година, Насер Зибери, кој посочи некои работи, кои албанската опозиција од самиот почеток ги потенцираше, елаборирајќи ги со цврсти аргументи. Со ова, господинот Зибери директно ги демантираше тезите на Али Ахмети, истовремено истакнувајќи го неговото лицемерие.

Насер Зибери беше многу јасен велејќи дека првиот албански премиер, наместо 100 дена на оваа функција, требало да биде најмалку две години, бидејќи 100-те дена, како што нагласи здружената албанска опозиција, се само во служба на технички прашања. Впрочем, премиерот од 100 дена е уште едно лицемерие и измама што се обидоа да им служи на Албанците, и ова се докажува секојдневно. Уште повеќе, тоа претставува чист обид да се фрли пепел во очите на Албанците.

Спонтано се поставува прашањето, дали 2-годишниот мандат на албанскиот премиер бил заменет и продаден за милионите од скандалот Соравија, трговскиот центар во срцето на Скопје, купен од 25-годишниот внук на Али Ахмет за 35 милиони евра?

Дали првиот албански премиер се продаде за валканите милиони од бизнисот со казината што Артан Груби преку својата Лотарија ги реализира со српското и бугарското подземје?

Зибери зборуваше и за тандемот Артан Груби-Бујар Османи, кои, според него ги усложнувале односите во власта, и правеле гафови кои создале силен анти-ДУИ дух кај народот.

Да потсетиме, и до ден денес никој не може да го заборави приемот на десната рака на Владимир Путин, Сергеј Лавров во Скопје од Бујар Османи. Значи, многу е јасно дека ДУИ од партијата на војната се претвори во партнер на Москва и Белград.

Меѓу другото, Насер Зибер ја кажа и вистината за избегнувањето на Али Ахмети да биде кандидат за претседател на овие претседателски избори.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, дури и Али Ахмети знае дека лошо ќе загуби, затоа реши да го жртвува Бујар Османи.”, велат од коалиција ВРЕДИ.