„Недозволиво е каматата да биде три пати повисока од основниот долг„. Со овој аргумент, Народниот правобранител ќе бара со закон да се ограничат каматите. Ќе поведе постапка за измени на Законот за облигациони односи, а ќе бра каматата на долгот пред извршител да престане да тече кога ќе ја достаса висината на главнината на долгот, бара Народниот правобранител Насер Зибери.затоа, што, од претставките што граѓаните ги испраќаат до него, превисоките камати на долговите е еден од најголемите проблеми со кој се загрозуваат човекоите права. Една третина од вкупниот број на претставки се однесуваат на постапките со извршителите.
Зибери бара и од Регулаторната комисија, да се смени законот со кој ЕВН има обврска да ги чита броилата еднаш годишно, што резултира со високи паушали и нередовно подмирување на платените нереално високи сметки од граѓаните.
Најголемиот број од поднесените 3075 претставки минатата година се однесуваат на правосудството. Следи прекршувањето на детското право на образование, со воведувањето на дигиталните учебници. Зибери укажува дека, поради економскиот стандард , не можат сите родители да обезбедат лаптоп компјутери или телефони, па децата не добиваат квалитетно образование. Бара од Министерството и училиштата да обезбедат уреди, па потоа да продолат со проектот.
Во казнено-поправните установи е забележано зголемување на бројот на затворениците. Најдраматично е во Идризово,каде и по ходници се поставуваат душеци и нема здравствена заштита. Малолетничките немаат пристап до лекар и се сместени во простории веднаш до возрасните затворенички, иако не се осудени на казна затвор. Зибери бара да се преместат во новоотворениот Воспитно-поправен дом – Тетово во село Волковија, за кој вели дека зјае полупразен. Бара и од МОН, да организира настава за 22-цата малолетници кои се наоѓаат во овој дом, а кои од Први септември не посетуваат настава.
Иако владата има обврска да ги примени препораките на Народниот правобранител, тој се жали дека во изминатите две години не е применето ништо. Дополнително, за 30 отсто им е скратен буџетот, а Собранието го развлекува разгледувањето на нивните извештаи и не му избира заменици. Ова, според него, е показател за непочитувањето кон институцијата.
Како најлоши институции за соработка ги посочува Министерството за здравство и Управата за водење на матични книги, а како најдобра – Народна банка.